Numri i Furnizimit:
Dokumente për pjesmarje në tenderin për furnizim me lendë djegëse për makinat zyrtare
Nga:
09.02.2015
Tek:
19.02.2015
Lloji i Kontratës:
Mallrat
Lloji i Procedurës:
Kërkësë të ofertave
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ
ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
[за набавки со проценета вредност до 20.000 евра
во хартиена форма со е-аукција]
со Оглас бр.09-101/2015
ЗА НАБАВКА НА горива за службените возила на Агенцијата за стоковни резерви согласно
техничките специфиkации наведени во тендерската документација
Скопје, јануари 2015 година
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Агенцијата за стоковни резерви, со адреса на ул. Орце Николов бр.71, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/3116 249, факс 02/3298 273, контакт лице Тони Кантурски со електронска адреса toni.kanturski@asr.gov.mk и Лилјана Гроздановска со електронска адреса liljana.grozdanovska@asr.gov.mk .
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на горива за службените возила на АСР согласно техничките спецификации наведени во Тендерската документација.
Дел бр.
|
Вид на гориво
|
Шифра според ОПЈН
|
1.
|
Еуросупер БС 95
|
09132100 – 4
|
2.
|
Еуродизел БС (Д-Е V)
|
09134220 – 5
|
Агенцијата како договорен орган го задржува правото да ги набави предметните горива и во помали количини од наведените во техничките спецификаци во зависност од потребите, расположивите средства и понудената цена на истите.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
2.2. Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде единечната цена по литар вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.
2.3. Горивата предмет на јавна набавка од точка 2.1. задолжително мора да бидат во склад со спецификациите за предметните горива наведни во важечкиот Правилник за квалитетот на течните горива во Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.88/2007, 91/2007, 97/2007, 105/2007, 157/2007, 15/2008, 78/2008, 156/2008 и 81/2009) и стандардите: МКС ЕН 228: 2007 кор.мк и МКС ЕН 590:2007 кор.мк усвоени од Институтот за стандардизација на Република Македонија, „или еквивалентно„ согласно член 33 став 2 алинеја 1 од ЗЈН.
3. Начин на испорака на стоките
3.1. Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин:
Договорниот орган сукцесивно во текот на 12 месеци према потребите ќе набавува горива - моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 и дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС на бензински станици на Носителот на набавката, дисперзирани на територијата на Република Македонија.
3.2. Набавката на горивата ќе се врши во зависност од потребите на Договорниот орган, кој нема обврска да ги искористи во целост количините наведени во техничките спецификации дел од Тендерската документација.
Договорниот орган може да направи промена помеѓу количините на горивата - моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 и дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС во зависност од потребите, a во рамките на вредноста на склучениот Договор.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
4.1. Не се предвидува корекција на дадениот попуст утврден во Понудата, односно корекција на постигнатото намалување на електронската аукција, изразено во проценти.
Единечните цени на горивата може да се менуваат единствено согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за определување на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати - на малопродажната цена на горивата предмет на јавна набавка, на која се применува одобрениот попуст од првичната понуда, односно постигнатото намалување од електронската аукција, изразено во проценти.
4.2. Доколку за време на набавката дојде до промена на цените на горивата во Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, за што Договорниот орган навремено ќе биде известен, фактурирањето ќе се врши според новите цени со примена на одобрениот попуст доколку има попуст, односно постигнатото намалување од електронската аукција, изразено во проценти.
5. Рок на испорака на стоките
Договорниот орган сукцесивно према потребите ќе ги набавува горивата - моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 и дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС на бензинските станици на Носителот на набавката, со користење на инструменти за безготовинско плаќање, во текот на 12 месеци сметајќи од денот на склучувањето на Договорот.
6. Начин на плаќање
6.1. Набавката на горивата е со користење на инструменти за безготовинско плаќање. Носителот на набавката е должен да му овозможи на Договорниот орган испорака на стоките предмет на договорот за јавна набавка со користење на безготовински начин на плаќање, односно со користење на безготовинска картичка или друг безготовински платежен инструмент издаден од Носителот на набавката. Инструментот за безготовинско плаќање/т.е. безготовинската картичка се издава врз основа на писмено барање на Договорниот орган за возилата и овластените Корисници кои Договорниот орган ќе ги определи.
6.2. Договорниот орган плаќањето ќе го врши вирмански во рок од 30 дена од приемот на комплетна фактура во својата архива. Составен дел на фактурата е Спецификација на сметки за набавените горива со безготовински инструменти за плаќање, испорачани согласно точка 6.1.
6.3. За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7. Право на учество
7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
7.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
-
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
-
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
7.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
7.8. Доколку економската и финансиската состојба, односно техничката или професионалната способност е поддржана од друг субјект, понудувачот е должен поддршката да ја докаже со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните финансиски средства, односно соодветните технички или професионални ресурси (член 151 и член 154 од законот)
7.9. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
7.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
8. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
8.1. Лична состојба
-
во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
-
на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
-
на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
-
понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
-
понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
-
на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
-
понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
8.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
8.3. Техничка или професионална способност
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се:
- Мрежа од најмалку 6 (шест) бензински станици дисперзирани на територијата на Република Македонија, од кои најмалку по 2 (две) бензински станици дисперзирани во различни региони во Западна Македонија, Повардарие и Источна Македонија,
- Искуство од релевантни претходни испораки на горива кои се успешно реализирани,
- Адекватна техничка опременост на економскиот оператор,
- Можност за користење на инструменти за безготовинско плаќање за испорачаните горива,
- Горивата предмет на јавната набавка задолжително мора да бидат во склад со спецификациите за предметните горива наведни во важечкиот Правилник за квалитетот на течните горива во Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.88/2007, 91/2007, 97/2007, 105/2007, 157/2007, 15/2008, 78/2008, 156/2008 и 81/2009) и стандардите: МКС ЕН 228: 2007 кор.мк и МКС ЕН 590:2007 кор.мк усвоени од Институтот за стандардизација на Република Македонија, „или еквивалентно„ согласно член 33 став 2 алинеја 1 од ЗЈН.
8.3.1. Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
8.3.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од три работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
8.3.3. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
Ако економски оператори поднесат групна понуда, економската и финансиската состојба, како и техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови во групата.
9. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:
9.1. За докажување на личната состојба:
-
изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
-
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
-
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
-
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран
-
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
-
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
-
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 9.1. не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.
Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.
9.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот - односно копија од тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистар на други правни лица за регистрирани подружници за трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници (бензински станици) издадена од Централен регистар на Република Македонија.
9.3. За докажување на техничката или професионалната способност:
За докажување на техничката или професионалната способност од точка 8.3., понудувачот заедно со понудата треба да достави:
-
Изјава за постоење на мрежа на бензински станици дисперзирани на територијата на Република Македонија, од кои најмалку по две бензински станици дисперзирани во различни региони во Западна Македонија, Повардарие и Источна Македонија, заверена од одговорно лице на носителот на набаваката,
-
Список на бензински станици по региони со адреса и работно време;
-
Листа на главни испораки на понудувачите или кандидатите извршени во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени испораки издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки,
-
Опис на техничката опременост и оспособеност на економскиот оператор
- Изјава за постоење на систем за безготовинско плаќање за испорачаните горива, односно можност за користење на безготовинска картичка или друг безготовински платежен инструмент издаден од Носителот на набавката, заверена од одговорно лице на Носителот на набаваката,
- Сертификат/ изјава за сообразност со кои економскиот оператор гарантира дека квалитативните својства на понудените нафтени деривати предмет на јавна набавка се сообразни со бараните квалитативни карактеристики наведени во тендерската документација, издаден од акредитирана лабораторија за тестирање или од меѓународно призната надлежна институција.
10. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
10.1 Појаснување на тендерската документација
10.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
10.1.2. Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
10.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
10.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
10.2.1. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
10.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
10.2.3. Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
11. Изготвување и поднесување на понудите
11.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“ . Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
11.2. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Со понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
11.3. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
11.4. Изјава за независна понуда
Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
11.5. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
-
Пополнет, потпишан и заверен образец на Понуда (Прилог 1)
-
Потпишана и заверена Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),
-
Потпишана и заверена Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
-
Потпишана и заверена Изјава за независна понуда (Прилог 4),
-
Документ за регистрирана дејност (согласно точка 9.2) ,
-
Документи за докажување на техничката или професионалната способност (согласно точка 9.3).
11.6. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
11.7. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
11.8. Затворање на понудата
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен коверт кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот коверт се приложува во затворен надворешен коверт кој:
-
е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
-
го содржи бројот на огласот,
-
во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата коверта не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.
11.9 Принцип на една понуда
Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поедиечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
12. Краен рок и место за поднесување на понудите
12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 19.02.2015 година во 14:00 часот.
12.2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Агенција за стоковни резерви на ул. Орце Николов бр. 71, 1000 Скопје.
13. Јавно отворање и евалуација на понудите
13.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација
Агенција за стоковни резерви на ул. Орце Николов бр. 71, 1000 Скопје на 19.02.2015 година во 14:00 часот.
13.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот.
13.3. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
14. Критериум за доделување на договорот
14.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
14.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
15. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
15.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
15.2.Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk).
15.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН[1] , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.
15.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на секоја аукција ќе биде единечната цена по литар вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани со активиран кориснички профил во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано и има активен кориснички профил во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
16. Доделување на договорот за јавна набавка
16.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
16.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
16.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда во архивата на договорниот орган.
16.4. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
16.5. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
17. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
17.1. По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
17.2. Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
18. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
19. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
19.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
19.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
Технички спецификации
Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на горива за службените возила на Агенцијата за стоковни резерви со следните спецификации:
Дел бр.
|
Вид на гориво
|
Шифра според ОПЈН
|
Единечна мера
|
Количина
|
1.
|
Еуросупер БС 95
|
09132100 – 4
|
литар
|
до 1000 л
|
2.
|
Еуродизел БС (Д-Е V)
|
09134220 – 5
|
литар
|
до 6000 л
|
*СОГЛАСНО ЧЛЕН 33 И 36 од Законот за Јавни набавки (²Службен весник на Република Македонија² бр.136/07,130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14 и 130/14) ЗА СИТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИ СТОКИ ВАЖИ ИЛИ ”ЕКВИВАЛЕНТНО”
Договорниот орган сукцесивно во текот на 12 месеци према потребите ќе набавува горива - моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 и дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС на бензински станици на Носителот на набавката, дисперзирани на територијата на Република Македонија.
Набавката на горивата ќе се врши во зависност од потребите на набавувачот - договорниот орган, кој нема обврска да ги искористи во целост количините на горивата наведени во техничките спецификации.
Договорниот орган може да направи промена помеѓу количините на стоките - горивата - моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 95 и дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС наведени во техничките спецификации во зависност од потребите, а во рамките на вредноста на склучениот Договор.
Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде единечната цена по литар вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.
Горивата предмет на јавна набавка задолжително мора да бидат во склад со спецификациите за предметните горива наведни во важечкиот Правилник за квалитетот на течните горива во Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.88/2007, 91/2007, 97/2007, 105/2007, 157/2007, 15/2008, 78/2008, 156/2008 и 81/2009) и стандардите: МКС ЕН 228: 2007 кор.мк и МКС ЕН 590:2007 кор.мк усвоени од Институтот за стандардизација на Република Македонија, „или еквивалентно„ согласно член 33 став 2 алинеја 1 од ЗЈН.
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 09-101/2015 објавен од страна на Агенцијата за стоковни резерви за доделување на договор за јавна набавка на горива за службените автомобили со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk), и на тендерската документација која ја преземавме од ЕСЈН, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
-
Адреса: _____________________________________________________________
-
Телефон: ___________________________________________________________
-
Факс: _______________________________________________________________
-
Е-пошта: ____________________________________________________________
-
Лице за контакт: _____________________________________________________
I.3.Одговорно лице:__________________________________________________________
I.4.Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број ___________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки:
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________.
[Во оваа точка понудувачот ги наведува стоките кои ги нуди со сите потребни технички карактеристики на истите, а во согласност со техничките спецификации дадени во тендерската документација. Овој дел треба соодветно да се прилагоди доколку договорот за јавна набавка е поделен на делови, односно понудувачот треба да прецизира дали неговата понуда се однесува за дел 1, за дел 2 или за двата дела предмет на набавка]
II.2. Во прилог ги доставуваме бараните брошури, каталози и слично за стоките кои ги нудиме, и тоа: _________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________ __________________________________________________________________________.
[Во оваа точка, понудувачот треба да го наведе видот на документите кои ги доставува за приказ на стоките што ги нуди]
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
Дел
|
Вкупна единечна цена
по литар без ДДВ
|
ДДВ
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
Листа на цени за дел 1
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
Назив
Дел 1
|
Единица мерка
|
Единечна цена по литар без ДДВ
|
Дадени попусти
на единечна цена
во %
проценти
|
Вкупна единечна цена по литар со сите трошоци и попусти
без ДДВ
(3 - 4)
|
ДДВ
|
Вкупна единечна цена по литар со сите трошоци и попусти
со ДДВ
(5+ 6)
|
Еуросупер БС 95
|
литар
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Вкупна цена на листата без ДДВ
|
|
Со зборови:
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Листа на цени за дел 2
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
Назив
Дел 2
|
Единица мерка
|
Единечна цена по литар без ДДВ
|
Дадени попусти
на единечна цена
во %
проценти
|
Вкупна единечна цена по литар со сите трошоци и попусти
без ДДВ
(3 -4)
|
ДДВ
|
Вкупна единечна цена по литар со сите трошоци и попусти
со ДДВ
(5+ 6)
|
Еуродизел БС
(Д-Е-V)
|
литар
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Вкупна цена на листата без ДДВ
|
|
Со зборови:
|
|
|
|
|
|
|
|
|
III.3. Нашата понуда важи за периодот од ________ дена, утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум
___________________
|
Одговорно лице*
____________________
(потпис)
|
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на ______________________________ [се внесува предметот на договорот за јавна набавка] објавен од страна на ____________________________________ [се наведува називот на договорниот орган] со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум
___________________________
|
Одговорно лице*
_____________________
(потпис)
|
*Оваа изјава може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот________________________ ______________________________________, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________
|
Одговорно лице*
_____________________
(потпис)
|
*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 4 – Изјава за независна понуда
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот ______________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во/ понудата за дел 1, 2 3... од _ [да се наведе видот на постапката и договорот за јавна набавка и бројот на огласот/поканата] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката бр./ понудата за дел 1, 2 3... од постапката бр. не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице*
________________ _____________________
(потпис)
[Изјавата се доставува одделно за секоја постапка и може во истата да се наведе на пр. Постапка за доделување на договор за јавна набавка на хартија за печатење по оглас бр. 01/2013]
*Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице
[1] Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН