Tenderët dhe furnizimet publike

Print this pageSmaller textBigger text size
Numri i Furnizimit:

Dokumente për pjesmarje në tenderin për ndreqje dhe servisim të makinave për ngarkim dhe shkarkim

Nga: 10.02.2015
Tek: 24.02.2015
Lloji i Kontratës: Mallrat
Lloji i Procedurës: Kërkësë të ofertave

Република Македонија

Влада на Република Македонија

Агенција за стоковни резерви

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

 

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

[за набавки со проценета вредност до 5.000 евра]

(во хартиена форма со е-аукција)

 

за Набавка на стоки:

 

Поправка и сервисирање на други возила – виљушкари вклучувајќи резервни делови и гуми

 

критериум за доделување на договорот:  најниска цена

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, февруари 2015 година

 

 

 

 

Инструкции за понудувачите

1. Договорен орган

Договорен орган е Агенција за стоковни резерви, со адреса на ул. Орце Николов бр.71, 1000 Скопје, Република Македонија, телефон за контакт: +389 (02) 3116 249, факс:+389(02)3298 273, контакт лице Дритон Бајрами со електронска адреса: zoran.doncev@asr.gov.mk или info@asr.gov.mk.

 

2. Предмет на договорот за јавна набавка

Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга - Поправка и сервисирање на други возила – виљушкари вклучувајќи резервни делови и гуми за потребите на Агенцијата за стоковни резерви.

Предметот на договорот за јавна набавка е делив по делови и тоа:

 

 

Дел

Предмет на набавка

Опис на предметот на набавка

1.

 

 

  

Поправка и сервисирање на други возила – виљушкари вклучувајќи резервни делови и гуми – Гостивар

Поправка и сервисирање на други возила - Вилушкари

 

2.

 

 

 

Поправка и сервисирање на други возила – виљушкари вклучувајќи резервни делови и гуми – Неготино

Поправка и сервисирање на други возила - Вилушкари

 

 

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.

2.2. Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.

За предметот на договорот за јавна набавка ќе се спроведе електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на аукција ќе биде вкупната единечна цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.

 

3. Начин на испорака на услугите

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го реализира во сервисен центар лоциран во Гостивар за дел 1 и сервисен центар лоциран во Неготино за дел 2 од навбавката, по претходно барање од страна на договорниот орган.

Доколку носителот на набавката предметот на договорот го реализира во друг град на територија на Република Македонија, трошоците на транспорт на виљушкарите од – до магацините на Агенцијата во Гостивар и Неготино паѓаат на негов терет.

 

4. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените. Цените искажани во понудата односно најниските цени на најповолниот понудувач постигнати на електронската аукција за предметот на договорот за јавна набавка, ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

Единечните цени по позиции утврдени во листата на цени во Понудата, треба да бидат фиксни и непроменливи до истекот на важноста на договорот.

 

5. Рок на извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го започне извршувањето на услугите во рок од 24 часа од моментот на преземање на возилото.

 

6. Начин на плаќање

Начин на плаќање е вирмански во законски рок по завршената работа и доставување на фактура до Агенцијата за стоковни резерви. Составен дел на фактурата е Спецификација на извршените услуги од страна на носителот на набавката.

Носителот на набавката е должен во фактурата да го наведе бројот и датумот на договорот.

За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

 

7. Право на учество

7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.

7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.

7.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.

7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.

НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:

  • учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
  • учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.

7.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.

7.8. Доколку економската и финансиската состојба, односно техничката или професионалната способност е поддржана од друг субјект, понудувачот е должен поддршката да ја докаже со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните финансиски средства, односно соодветните технички или професионални ресурси (член 151 и член 154 од законот).

7.9. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

7.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

 

 

 

8. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

8.1. Лична состојба

  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

8.2. Способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

8.3. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.

Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од три работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.

8.4. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

Ако економски оператори поднесат групна понуда, економската и финансиската состојба, како и техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови во групата.

 

9. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:

9.1. За докажување на личната состојба:

  • изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
  • потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
  • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
  • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

 

Документите од точка 9.1. не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.

 

Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.

Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на отворање на понудите, но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.

9.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност

За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

 

10. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација

10.1 Појаснување на тендерската документација

10.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.

 

10.1.2. Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

 

10.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.

10.2 Изменување и дополнување на тендерската документација

10.2.1. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале. 

 

10.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.    

 

10.2.3. Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас. 

 

11. Изготвување и поднесување на понудите

11.1. Начин на изготвување на понудата

Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

11.2. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба

Со понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.

11.3. Изјава за сериозност на понудата

Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

 

11.4. Изјава за независна понуда

Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.

 

11.5. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:

  • Образец на понуда (Прилог 1),
  • Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),
  • Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
  • Изјава за независна понуда (Прилог 4)
  • Документ за регистрирана дејност.

 

Напомена: Во случај понудувачот да не постапи согласно горенаведеното, тоа ќе ја направи неговата Понуда некомплетна и ќе доведе до отфрлање на истата од страна на комисијата како неприфатлива.

Понудата мора да ги користи сите обрасци дадени во оваа тендерска документација при што тие мора да се пополнети без никакви измени во нивната форма и не се прифаќаат никакви замени.

 

11.6. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.

 

11.7. Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 (деведесет) дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

 

11.8. Затворање на понудата

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен коверт кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот коверт се приложува во затворен надворешен коверт кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
  • го содржи бројот на огласот,
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отворај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Доколку двата коверта не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

 

11.9. Принцип на една понуда

Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поедиечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.

 

11.10 Краен рок за поднесување на понудите

Краен рок за поднесување на понудата е 24.02.2015 година до 14.00 часот.

 

Понудите се поднесуваат во архивата на договорниот орган или по пошта на следнава адреса:

 

Агенција за стоковни резерви

Ул.„Орце Николов” бр.71,

1000 Скопје,

со назнака за „БПП (до 5.000 евра)

Оглас бр. 05-126/2015„

Понудите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната евалуација.

 

Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.

 

12. Критериум за доделување на договорот

Критериум за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка е:

Најниска цена.

За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција за предметот на договорот, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.   

 

13. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка

13.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.

 

13.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (https://e-nabavki.gov.mk).

13.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН[1], по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.

13.4. Подетални информации за електронската аукција:

Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната единечна цена вклучувајќи ги сите трошоци, попусти и увозни царини, без ДДВ за предметот на договорот за јавна набавка. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.

 

Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.

 

Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда, кое претходно е регистрирано во ЕСЈН. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

 

14. Доделување на договорот за јавна набавка

14.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

 

14.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.

14.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда во архивата на договорниот орган.

 

14.4. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.

 

14.5. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со пропорционално намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).

 

14.6. Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна. Во таков случај договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел првично прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.

 

15. Известување за доделување на договорот за јавна набавка

15.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

15.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

 

16. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

17. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

17.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

17.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.

 

 

 

 


 

 

Техничка спецификација

 

 

 

Одржувањето и поправката на виљушкарите опфаќа: механичарски и електричарски услуги, поправка на системот за трансмисија, монтажа и демонтажа на авто гуми и др., со замена на потрошни материјали и резервни делови и гуми.

 

 

Агенцијата за стоковни резерви располага со следните вилушкари:

 

За дел 1

  1. Indus Дизел вилушкар 2,5 t лоциран во Гостивар
  2. Indus Дизел вилушкар 1,5 t лоциран во Гостивар

 

За дел 2

  1. Indus Дизел вилушкар 3 t  лоциран во Неготино
  2. Indus Дизел вилушкар 1,5 t лоциран во Неготино

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прилог 1 – Образец на понуда

 

Врз основа на Огласот бр. 05-126/2015 за доделување договор за јавна набавка на услуга – поправка и сервисирање на други возила – виљушкари вклучувајќи резервни делови и гуми за потребите на Агенцијата за стоковни резерви во постапка со барање за прибирање на понуди и на тендерската документација која ја подигнавме од ЕСЈН, ја поднесуваме следнава:

 

 

 

П О Н У Д А

 

 

Дел I – Информации за понудувачот

 

I.1. Име на понудувачот: _________________________________________________________

I.2. Контакт информации

  • Адреса:        ____________________________________________________________
  • Телефон: ______________________________________________________________
  • Факс:    ________________________________________________________________
  • Е-пошта: _______________________________________________________________
  • Лице за контакт: _________________________________________________________

I.3. Овластено лице: ____________________________________________________________

I.4.Даночен број: ________________________________________________________________

I.5.ЕМБС: ______________________________________________________________________

 

Дел II – Техничка и финансиска понуда

 

II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги а во согласност со техничката спецификација дадена во тендерската документација.

 

 

1

2

3

4

5

6

Опис

Единица мерка

Коли

чина

Цена без ДДВ (Предмет на Е-аукција)

ДДВ

Цена со ДДВ

Дел 1. Цена на услуга - резервен дел со вградување (Виљушкари магацин Гостивар)

денари

1

 

 

 

Дел 2. Цена на услуга - резервен дел со вградување (Виљушкари магацин Неготино)

денари

1

 

 

 

 

II.2. Според тоа, вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:

 

- Цена на услуга за дел 1 ____________________________________________[со зборови]

- Цена на услуга за дел 2 ____________________________________________[со зборови]

 

  • Приложена е Листа на цени заверена и потпишана од страна на овластено лице

од понудувачот.

                                                                                      

 

 

II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.

 

II.4. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.

 

II. 5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

 

Овластено лице*

 

__________________________

(потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Листа за утврдување на цени

 

 

1.1.Листа за утврдување на цената на услугата за дел 1 виљушкар Indus 2,5 тони

 

 

Р.бр.

Резервен дел виљушкар

Indus 2,5 тони

Цена на резервен дел

(во денари без ДДВ)

Цена на вградување

(во денари без ДДВ)

Вкупна услуга - резервен дел со вградување  (во денари без ДДВ)

1

Масло за мотор 10W-40 полусинтетичко - дизел 1 литар

 

 

 

2

Филтер за масло

 

 

 

3

Филтер за гориво

 

 

 

4

Филтер за воздух

 

 

 

5

Ламела сет

 

 

 

6

Корпа

 

 

 

7

Дизни и греачи

 

 

 

8

Акумулатор 95 Ah

 

 

 

9

Уље за хидраулика  1 лит.

 

 

 

 

 

 

Вкупно за возило:

 

 

 

 

 

1.2.Листа за утврдување на цената на услугата за дел 1 виљушкар Indus 1,5 тони

 

 

Р.бр.

Резервен дел виљушкар

Indus 1,5 тони

Цена на резервен дел

(во денари без ДДВ)

Цена на вградување

(во денари без ДДВ)

Вкупна услуга - резервен дел со вградување  (во денари без ДДВ)

1

Масло за мотор 10W-40 полусинтетичко - дизел 1 литар

 

 

 

2

Филтер за масло

 

 

 

3

Филтер за гориво

 

 

 

4

Филтер за воздух

 

 

 

5

Ламела сет

 

 

 

6

Корпа

 

 

 

7

Дизни и греачи

 

 

 

8

Акумулатор 55 Ah

 

 

 

9

Уље за хидраулика  1 лит.

 

 

 

 

 

 

Вкупно за возило:

 

 

 

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

 

Овластено лице

 

___________________________

(потпис)

 

 

     
 

 

 

 

2.1.Листа за утврдување на цената на услугата за дел 2 виљушкар Indus 3 тони

 

 

Р.бр.

Резервен дел виљушкар

Indus 3 тони

Цена на резервен дел

(во денари без ДДВ)

Цена на вградување

(во денари без ДДВ)

Вкупна услуга - резервен дел со вградување  (во денари без ДДВ)

1

Масло за мотор 10W-40 полусинтетичко - дизел 1 литар

 

 

 

2

Филтер за масло

 

 

 

3

Филтер за гориво

 

 

 

4

Филтер за воздух

 

 

 

5

Ламела сет

 

 

 

6

Корпа

 

 

 

7

Дизни и греачи

 

 

 

8

Акумулатор 95 Ah

 

 

 

9

Уље за хидраулика  1 лит.

 

 

 

 

 

 

Вкупно за возило:

 

 

 

 

 

 

2.2.Листа за утврдување на цената на услугата за дел 2 виљушкар Indus 1,5 тони

 

 

Р.бр.

Резервен дел виљушкар

Indus 1,5 тони

Цена на резервен дел

(во денари без ДДВ)

Цена на вградување

(во денари без ДДВ)

Вкупна услуга - резервен дел со вградување  (во денари без ДДВ)

1

Масло за мотор 10W-40 полусинтетичко - дизел 1 литар

 

 

 

2

Филтер за масло

 

 

 

3

Филтер за гориво

 

 

 

4

Филтер за воздух

 

 

 

5

Ламела сет

 

 

 

6

Корпа

 

 

 

7

Дизни и греачи

 

 

 

8

Акумулатор 55 Ah

 

 

 

9

Уље за хидраулика  1 лит.

 

 

 

 

 

 

Вкупно за возило:

 

 

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

 

 

Овластено лице

 

___________________________

(потпис)

 

 

     
 

 

 

 

 

 

 

Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба

 

 

 

 

 

 

 

И З Ј А В А

 

 

Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на ______________________________ [се внесува предметот на договорот за јавна набавка] објавен од страна на ____________________________________ [се наведува називот на договорниот органсо барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.

 

 

 

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

Одговорно  лице*

 

___________________________

(потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

*Оваа изјава може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице


 

Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата

 

 

 

И З Ј А В А

 

Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот________________________ ______________________________________, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.

 

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

Одговорно лице*

 

___________________________

(потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прилог 4 – Изјава за  независна понуда

 

 

 

И З Ј А В А

 

 

Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот ______________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во/ понудата за дел 1, 2 3... од _ [да се наведе видот на постапката и договорот за јавна набавка и бројот на огласот/поканата] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.

Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на  понудата за постапката бр./ понудата за дел 1, 2 3... од постапката бр. не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.

 

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.

 

 

Место и датум                                                                              Одговорно лице*

________________                                                        ____________________

 

 

 

* Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице

 



[1] Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН

 

Buletini elektronik
Shkruani e-mail adresën dhe qëndroni në rrjedhë me lajmet e reja
Na kontaktoni
02 / 3116 - 249

 

© Agjencioni për mallrat rezervë. Të gjitha të drejtat janë të ruajtura.