Tenderët dhe furnizimet publike

Print this pageSmaller textBigger text size
Numri i Furnizimit:

Dokumente për pjesmarje në tenderin për kualitet dhe kvantitet të mallrave rezervë

Nga: 10.02.2015
Tek: 16.02.2015
Lloji i Kontratës: Mallrat
Lloji i Procedurës: Kërkësë të ofertave

 

 


 Република Македонија

АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ

Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА

 

критериум за доделување на договорот: најниска цена

 

ЗА НАБАВКА НА УСЛУГА - КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ И КВАНТИТЕТ НА СТОКОВНИТЕ РЕЗЕРВИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, февруари 2015 година

 


 

Дел I . Инструкции за понудувачите

 

1. Договорен орган

 

Договорен орган е Агенцијата за стоковни резерви, со адреса на ул. Орце Николов бр.71, 1000 Скопје, Република Македонија, телефон за контакт: +389 (02) 3116 249, факс:+389(02) 3298 273, електронска адреса:

toni.kanturski@asr.gov.mk интернет адреса: www.asr.gov.mk, контакт лице Тони Кантурски.

 

2. Предмет на договорот за јавна набавка

Предмет на договорот за јавна набавка на услуги е ангажирање на:

 

Контролна куќа за контрола на квалитет и квантитет на стоковните резерви кои се складирани кај трговските друштва – складиштари на територијата на Република Македонија и тоа:

а) пченица, пченка и јачмен,

б) нафтени деривати,

в) прехранбена сол и

г) сурово сончогледово масло.

 

Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.

Предметот на договорот за јавна набавка на услуги т.е. ангажираното акредитирано контролно инспекциско тело во своето работење треба задолжително да постапува согласно важечките прописи за контрола на квалитет и квантитет за соодветната стока.

 

3. Начин на извршување на услугата

Носителот на набавката е должен услугата да ја изврши по добивање на писмен налог од страна на Агенцијата во кој детално ќе бидат дефинирани: видот и обемот на контролата, мострирањето и/или анализата, локацијата за извршување на контролата, мострирањето и/или анализата, видот на стока предмет на контрола и/или анализа, како и временската рамка за извршување на услугата.

 

4. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените. Цените искажани во понудата односно најниските цени на најповолниот понудувач постигнати на електронската аукција за предметот на договорот за јавна набавка, ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

 

5. Рок за извршување на услугата

Договорниот орган према потребите ќе ги набавува услугите на Носителот на набавката, сукцесивно во текот на 12 месеци сметајќи од денот на склучувањето на Договорот за јавна набавка.

 

Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата веднаш по добивањето на писмен налог од страна на Агенцијата за стоковни резерви како корисник на услугата, но не подоцна од 24 часа од приемот на истиот.

 

6. Начин на плаќање

Начинот на плаќање е вирмански во рок од 60 дена врз основа на доставена фактура од страна на Носителот на набавката, за извршена услуга  по конкретен налог. Составен дел на фактурата е Спецификација на извршени услуги од страна на Носителот на набавката.

 

Носителот на набавката е должен во фактурата да го наведе бројот и датумот на Договорот. За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

 

7. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

 

7.1. Лична состојба

  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

 

7.2. Способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

Понудувачот треба да ги исполнува посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот, односно согласно Законот за акредитација („Службен весник на Република Македонија бр.120/09, 53/11 и 41/14„).

 

8. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација заедно со понудата, како што следи:

 

8.1. За докажување на личната состојба:

  • изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
  • потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
  • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
  • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

 

Документите од точка 8.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.

 

Согласно со член 102, став 4 од Законот за јавните набавки, понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенаведените документи предвидени со законот како доказ за личната состојба. Наместо тоа, понудувачот поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара, само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна, да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.

 

Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на отворањето на понудите, но не подоцна до денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.

 

8.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност

За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање:

 

-   Документ за регистрирана дејност (ДРД Образец) како доказ дека е  регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран;

- Валиден Сертификат за акредитација за акредитираното инспекциско тело, како доказ за призната оспособеност за вршење на контрола на квалитет и квантитет, издаден од Институтот за акредитација на Република Македонија;

  • За странските лица-економски оператори сертификат за акредитација и соодветен документ како доказ за призната оспособеност за вршење на контрола на квалитет и квантитет издаден од надлежен орган согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

 

Документите од точка 8.2 се доставуваат заедно со понудата во оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во документите за докажување на способноста за вршење на професионалната дејност на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност.

 

9. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација

 

9.1 Појаснување на тендерската документација

9.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.

9.1.2. Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

9.2 Изменување и дополнување на тендерската документација

9.2.1. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале. 

9.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.   

9.2.3. За продолжување на крајниот рок, договорниот орган писмено ќе ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.

 

10. Право на учество

10.1. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – економски оператор, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка, или кое припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.

 

10.2. Тендерска документација е прикачена на ЕСЈН. Истата  може да ја подигне било кој заинтересиран понудувач до истекот на крајниот рок за поднесување на понудите наведен во  од точка 12.1.

 

11. Изготвување и поднесување на понудите

 

11.1. Изјава за сериозност на понудата

 

Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.

 

11.2. Изјава за независна понуда

Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за независна понуда, користејќи го образецот на изјава дадена во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава, истото ќе резултира со поведување на прекршочна или кривична постапка. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.

 

11.3. Изјава за доверливост

Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за доверливост која се однесува на класифицираните информации кои ги создава и со кои располага Дирекцијата и кои не се предмет на јавна употреба, а со кои понудувачот ќе се здобие во текот на вршењето на услугите предмет на набавка. Понудувачот треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.

 

Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.

 

11.4. Начин на изготвување на понудата

Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“ и 1 копиja кои ги означува со ознака „копија“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

 

11.5. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:

  • Oбразец на понуда (Прилог 1),
  • Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),
  • Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
  • Изјава за независна понуда (Прилог 4),
  • Пополнет образец на Изјава за доверливост (Прилог 5),
  • Доказ за регистрирана дејност, и
  • Валиден Сертификат за акредитација за акредитирано инспекциско тело.

 

11.6. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.

 

11.7. Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од  тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

 

11.8. Затворање на понудата

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
  • го содржи бројот на огласот,
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отворај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

 

11.9. Принцип на една понуда

Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поедиечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.

 

12. Краен рок и место за поднесување на понудите

 

12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 16.02.2015 година до 14:00 часот.

12.2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса:

 

Агенција за стоковни резерви

Ул.„Орце Николов” бр.71,

1000 Скопје,

со назнака за „БПП (до 5.000 евра)

Оглас бр. 05/124/2014„

Понудите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната евалуација.

 

13. Отворање и евалуација на понудите

 

13.1. Во оваа постапка не е предвидено јавно отворање на понудите.

 

13.2. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.

 

14. Критериум за доделување на договорот

 

Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена.

За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

 

15. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка

 

15.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.

 

15.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk).

               

15.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН[1] , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.

 

15.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена за секој дел поединечно, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.

Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.

Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.

Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

 

16. Доделување на договорот за јавна набавка

13.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.

16.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.

16.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.

16.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или  да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.

16.5 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.

 16.6 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).

 

16.7. Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна. Во таков случај договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел првично прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.

 

 

17. Известување за доделување на договорот за јавна набавка

17.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

17.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

 

18. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

 

19. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

 

19.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

19.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.


 

Дел II. Технички спецификации

 

1. Предмет на договорот за јавна набавка

 

  1. Предмет на договорот за јавна набавка на услуги е ангажирање на:

 

Контролна куќа која за потребите на Агенцијата за стоковни резерви треба да изврши услуга на контрола на квалитет и квантитет на стоковните резерви кои се складирани кај трговските друштва – складиштари на територијата на Република Македонија и тоа:

Дел 1)  Квалитативна контрола на пченица,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи       

Дел 2)  Квалитативна контрола на јачмен за сточна храна,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 3)  Квалитативна контрола на пченка за сточна храна,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 4)  Квалитативна контрола на Еуросупер БС 95 и Еуросупер 98,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 5)  Квалитативна контрола на Еуродизел БС,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 6)  Квалитативна контрола на Екстра лесно масло за домаќинства,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 7)  Квалитативна контрола на Мазут,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 8)  Квалитативна контрола на прехранбена сол,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 9)  Квалитативна контрола на сурово сончогледово масло,

  • Мострирање
  • Лабораториска анализа
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 10)  Квантитативна контрола на пченица, пченка и јачмен,

  • Физичко мерење
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 11)  Квантитативна контрола на нафтени деривати,

  • Физичко мерење
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 12)  Квантитативна контрола на прехранбена сол,

  • Физичко мерење
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

Дел 13)  Квантитативна контрола на сурово сончогледово масло

  • Физичко мерење
  • Патни трошоци
  • Изготвување на извештаи

 

Предметот на договорот е делив по делови. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.

Ангажираната контролна куќа во своето работење треба задолжително да постапува согласно условите за квалитет пропишани со важечките правилници за квалитет за секој вид на стока пооделно.

 

  1. Ангажираната контролна куќа како Носител на набавката, за потребите на Договорниот орган треба да извршува услуги сукцесивно во текот на 12 месеци сметајќи од денот на склучувањето на Договорот за јавна набавка.

 

 

Квалитативна контрола – МОСТРИРАЊЕ

Опис на услугите:

  • Земање мостри од одделните видови на стоки со примена на соодветни стандарди и други важечки прописи и шифрирање  на земените мостри во прва фаза;
  • Лабораториска анализа
  • Толкување на резултатите од извршената квалитативна анализа од страна на овластена лабораторија
  • Изготвување на Записник за извршената контрола.
  • Изготвување на финален Извештај за извршена квалитативна  контрола - мострирање

 

Квантитативна контрола на стоки од стоковните резерви на Република Македонија складирани кај трговските друштва – СКЛАДИШТАРИ

Предмет на работа:

  • Физичко мерење на количините на стоката предмет на контрола со примена на утврдени стандарди и калибрирани мерни инструменти;
  • Изготвување на Записник за извршената контрола.
  • Изготвување на финален Извештај за извршена квантитативна контрола

 

 

Агенцијата за стоковни резерви како договорен орган сукцесивно према потребите ќе набавува услуги од Носителот на набавката. Набавката на услугите ќе се врши во зависност од потребите на набавувачот - договорниот орган, кој нема обврска да ги искористи во целост количините и видот на услугите наведени во техничките спецификации од Тендерската документација.

 

Агенцијата за стоковни резерви го задржува правото да изврши или не изврши контроли, во зависност од сопствените потреби и расположивите средства за таа намена.

 

 

 

 

 

 

 


 

Прилог 1 – Образец на понуда

 

заведено во архивата на Понудувачот:

 број: _____________

                                                                                                                                                дата:_____________

 

Врз основа на огласот број 05-63/2014 објавен од страна на Агенцијата за стоковни резерви, за доделување на договор за јавна набавка на услуги за  контрола на квалитет и квантитет на стоки од стоковните резерви на Република Македонија, во постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, спроведена во хартиена форма која треба да заврши со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk), и на тендерската, ја поднесуваме следнава:

 

 

 

П О Н У Д А

 

Дел I – Информации за понудувачот

 

I.1.Име на понудувачот: ______________________________________________

I.2. Контакт информации

  • Адреса:_______________________________________________________

 

  • Телефон:_____________________________________________________

 

  • Факс:_________________________________________________________

 

  • Е-пошта:______________________________________________________

 

  • Лице за контакт: ______________________________________________

 

I.3.Одговорно лице: __________________________________________________

 

I.4.Даночен број: _____________________________________________________

 

I.5. Матичен број: _____________________________________________________

 

Дел II – Техничка и финансиска понуда

 

II.1.Согласни сме да ги понудиме следните услуги во согласност со тендерската документација:

 

 

Ред.

број

 

Опис

 

Единечна цена без ДДВ (предмет на

е-аукција)

 

ДДВ %

денари

 

Вкупна единечна цена по контрола во денари

со вклучен ДДВ

(3*4)

1

2

3

4

5

Дел 1.

Квалитативна контрола на пченица, која ги опфаќа сите трошоци од 1.1 до 1.3, со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

 

1.1

Земање на мостри/1 ќелија

 

 

 

1.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 1.2.1 до 1.2.8)

 

 

 

1.2.1

Хектолитарска маса

 

 

 

1.2.2

Содржина на примеси: вкупни

 

 

 

1.2.3

Седиментациона вредност

 

 

 

1.2.4

Енергија

 

 

 

1.2.5

Глутен

 

 

 

1.2.6

Содржина на протеини на сува материја

 

 

 

1.2.7

Број на паѓање

 

 

 

1.2.8

Влага %

 

 

 

1.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 2.

Квалитативна контрола на јачмен за сточна храна, која ги опфаќа сите трошоци од 2.1 до 2.3,  со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

 

2.1

Земање на мостри/1 ќелија

 

 

 

2.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 2.2.1 до 2.2.7)

 

 

 

2.2.1

Хектолитарска маса

 

 

 

2.2.2

Содржина на примеси: вкупни

 

 

 

2.2.3

Сува материја

 

 

 

2.2.4

Протеини

 

 

 

2.2.5

Пепел

 

 

 

2.2.6

Влага %

 

 

 

2.2.7

Присуство на микроорганизми

 

 

 

2.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 3.

Квалитативна контрола на пченка за сточна храна, која ги опфаќа сите трошоци од 3.1 до 3.3,  со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

 

3.1

Земање на мостри/1 ќелија

 

 

 

3.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 3.2.1 до 3.2.7)

 

 

 

3.2.1

Хектолитарска маса

 

 

 

3.2.2

Содржина на примеси: вкупни

 

 

 

3.2.3

Сува материја

 

 

 

3.2.4

Протеини

 

 

 

3.2.5

Пепел

 

 

 

3.2.6

Влага %

 

 

 

3.2.7

Присуство на микроорганизми

 

 

 

3.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 4.

Квалитативна контрола на безоловни бензини Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98, која ги опфаќа сите трошоци од 4.1 до 4.3,  со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

 

4.1

Земање на мостри/1 резервоар

 

 

 

4.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 4.2.1 до 4.2.7)

 

 

 

4.2.1

Густина на 150 С (ASTM D 4052)

 

 

 

4.2.2

Дестилација (ADTM D 86)

 

 

 

4.2.3

Содржина на сулфур (ASTM D 5453)

 

 

 

4.2.4

Октански број (ASTM D 2699) истражна метода

 

 

 

4.2.5

Содржина на бензен, IR (EH 238/ASTM D 6277)

 

 

 

4.2.6

Содржина на аромати (ASTM D 1319)

 

 

 

4.2.7

Содржина на олово(IP 352)

 

 

 

4.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 5.

Квалитативна контрола на дизел гориво Еуродизел БС, која ги опфаќа сите трошоци од 5.1 до 5.3,  со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

 

5.1

Земање на мостри/1 резервоар

 

 

 

5.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 5.2.1 до 5.2.6)

 

 

 

5.2.1

Густина на 150 С (ASTM D 4052)

 

 

 

5.2.2

Дестилација (ADTM D 86)

 

 

 

5.2.3

Содржина на сулфур (ASTM D 5453)

 

 

 

5.2.4

Кинематска вискозност (ASTM D 445)

 

 

 

5.2.5

Филтрабилност, CFPP (ASTM D 6371/EN 116)

 

 

 

5.2.6

Содржина на ФАМЕ (EN 14078)

 

 

 

5.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 6.

Квалитативна контрола на Екстра лесно масло за домаќинства ЕЛ-1, која ги опфаќа сите трошоци од 6.1 до 6.3,  со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

 

6.1

Земање на мостри/1 резервоар

 

 

 

6.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 6.2.1 до 6.2.3)

 

 

 

6.2.1

Густина на 150 С МКС Б.Х8.015; (ASTM D-1298, D4052), ISO 3675

 

 

 

6.2.2

Кинематска вискозност МКС Б.Х8.047; (ASTM D-445, ISO 3104)

 

 

 

6.2.3

Содржина на сулфур (ASTM D4294, ISO 8754)

 

 

 

6.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 7.

Квалитативна контрола на Мазут , која ги опфаќа сите трошоци од 7.1 до 7.3, со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

 

7.1

Земање на мостри/1 резервоар

 

 

 

7.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 7.2.1 до 7.2.3)

 

 

 

7.2.1

Густина на 150 С  МКС Б.Х8.015; (ASTM D-1298, D4052), ISO 3675

 

 

 

7.2.2

Кинематска вискозност МКС Б.Х8.022; (ASTM D-445), ISO 3104

 

 

 

7.2.3

Содржина на сулфур (IP 336/ASTM D4294), ISO 8754

 

 

 

7.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 8.

Квалитативна контрола на прехранбена сол,  која ги опфаќа сите трошоци од 8.1 до 8.3,  со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

8.1

Земање на мостри

 

 

 

8.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 8.2.1 до 8.2.4)

 

 

 

8.2.1

Содржина на натриум хлорид, сметано на сува материја, исклучувајќи ги адитивите, односно хранливите материи

 

 

 

8.2.2

Содржина на влага

 

 

 

8.2.3

Минерални примеси нерастворливи во солна киселина

 

 

 

8.2.4

содржина на јод (КЈО3)

 

 

 

8.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 9.

Квалитативна контрола на сурово сончогледово масло,  која ги опфаќа сите трошоци од 9.1 до 9.3,  со изготвување на записник, изготвување на финален извештај и др. трошоци

 

 

 

9.1

Земање на мостри/1 резервоар

 

 

 

9.2

Лабораториска анализа/1 мостра (од 9.2.1 до 9.2.10)

 

 

 

9.2.1

Содржина на слободни масни киселини % (како олеинска киселина)

 

 

 

9.2.2

Содржина на вода и испарливи материи %

 

 

 

9.2.3

Содржина на фосфор %

 

 

 

9.2.4

Релативна волуменска маса (200 С) g/ml

 

 

 

9.2.5

Индекс на рефракција на 200 С

 

 

 

9.2.6

Јоден број

 

 

 

9.2.7

Сапунификационен број

 

 

 

9.2.8

Неосапунливи материи%

 

 

 

9.2.9

Точка на палење  0 С

 

 

 

9.2.10

Присуство на бактерии од видот Salmonela во 25 гр.

 

 

 

9.3

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 10.

Квантитативна контрола на житни култури изразено по ќелија од силос која ги опфаќа сите трошоци од 10.1 и 10.2, физичко мерење, изготвување на записник и др.трошоци .

 

 

 

10.1

Физичко мерење/ 1 ќелија

 

 

 

10.2

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 11.

Квантитативна контрола на нафтени деривати изразено по резервоар  која ги опфаќа сите трошоци од 11.1 и 11.2, физичко мерење, изготвување на записник и др.трошоци .

 

 

 

11.1

Физичко мерење/  1 резервоар

 

 

 

11.2

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 12.

Квантитативна контрола на прехранбена сол изразено по тон  која ги опфаќа сите трошоци од 12.1 и 12.2, физичко мерење, изготвување на записник и др.трошоци..

 

 

 

12.1

Фозичко мерење/ 1 тон

 

 

 

12.2

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

Дел 13.

Квантитативна контрола на сурово сончогледово масло изразено по резервоар  тон  која ги опфаќа сите трошоци од 13.1 и 13.2, физичко мерење, изготвување на записник и др.трошоци...

 

 

 

13.1

Физичко мерење/  1 резервоар

 

 

 

13.2

Патни трошоци ден/км.

 

 

 

 

 II.2.

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 1 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 2 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 3 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 4 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 5 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 6 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 7 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 8 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 9 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 10 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 11 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 12 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за дел 13 изнесува: ________________________________________ денари [со бројки]

(__________________________________________________________) [со букви]

 

 

II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.

 

II.4. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.

 

II.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.

 

II.6. Согласни сме и потврдуваме дека не сте обврзани да ја прифатите најниската или било која друга Понуда што ќе ја примите, како и поништување на целата постапка и одбивање на сите кандидати.

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

                        

                          Понудувач                  

                                                                                                           

       _________________________________

                 потпис на одговорно лице   

 

 


 

Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба

 

 

 

 

 

 

 

И З Ј А В А

 

 

Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на ______________________________ [се внесува предметот на договорот за јавна набавка] објавен од страна на ____________________________________ [се наведува називот на договорниот орган]  со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.

 

 

 

 

 

 

Место и датум

___________________________

Овластено лице*

___________________________

(потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

*Оваа изјава може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице.


 

Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата

 

 

 

И З Ј А В А

 

Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот ______________________________________, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.

 

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.

 

 

Место и датум                                                                                     Овластено лице*

 

________________                                                                                _____________________

                                                                                                                           (потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

*Оваа изјава може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице.


 

Прилог 4 - Изјава за независна понуда

 

 

 

И З Ј А В А

 

Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на овластено лице на понудувачот ______________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во oтворената постапка бр.___________ [да се наведе бројот на огласот] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата, како и дека во постапката не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.

 

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на постапка за утврдување прекршочна или кривична одговорност против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.

 

 

Место и датум                                                                                                  Овластено лице*

 

________________                                                                                       _____________________

                                                                                                            (потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

*Оваа изјава може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице.


 

Прилог 5 -   ИЗЈАВА ЗА ДОВЕРЛИВОСТ

 

 

ИЗЈАВА ЗА ДОВЕРЛИВОСТ

 

                Дадена од ____________________________________ (име и презиме на

одговорното лице) во својство на ______________________________ кај  ___________________________________________________________(назив на економскиот оператор понудувач).

 

Под полна морална, материјална и кривична одговорност изречно изјавувам дека ќе ги чуваме како доверливи сите информации и податоци кои се однесуваат на количините на нафтените деривати, територијалната  разместеност на истите како и сите други податоци и информации со кои ќе се здобиеме во текот на вршењето на услугите предмет на оваа јавна набавка, кои се сопственост на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати како договорен орган  и/или трговското друштво складиштар а се се класифицирани со степен на класифицираност „Доверливо„ Изјавувам дека ќе обезбедуваме законито користење и чување на горенаведените класифицирани информации и податоци и ќе оневозможиме секаков вид незаконско располагање и користење на истите.

                Обврската за чување на доверливоста на информациите наведени во претходниот став, се однесува за период од 5 (пет) години по потпишувањето на договорот за јавна набавка.

Оваа изјава се дава врз основа на член 24 од Законот за класифицирани информации („Службен весник на Република Македонија„ бр. 9/04,113/07,145/10, 80/12 и 41/14), во функција на преземање на  мерки и активности за безбедност на класифицираните информации кои ги создава и со кои располага Договорниот орган, кои не се предмет на јавна употреба и со евентуалното нивното откривање би се намалила и/или загрозила ефикасноста на работењето на Дирекцијата.

Политиката за безбедност на информациите на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати се применува во однос на сите членови на Управниот одбор, внатрешни вработени лица и надворешни лица ангажирани по разни основи во Дирекцијата, како и на сите останати надворешни лица кои во својство на економски оператори – понудувачи, добавувачи, вршители на услуги и слично, ќе дојдат до класифицирани информации кои ги создава и со кои располага Дирекцијата.

              Изјавил,

 

 

Место и датум

___________________________

Одговорно лице*

 

___________________________

(потпис)

 

 

 

 

*Изјавата за доверливост  не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице

 

 



[1] Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН

 

Buletini elektronik
Shkruani e-mail adresën dhe qëndroni në rrjedhë me lajmet e reja
Na kontaktoni
02 / 3116 - 249

 

© Agjencioni për mallrat rezervë. Të gjitha të drejtat janë të ruajtura.