Lajme më të reja
news
 

Informacionet nga karakteri publik që kanë të bëjnë me punën e Agjencionit për mallra rezervë do të jenë të kapshme këtu…

 

Më shumë
Tenderët dhe furnizimet publike
news
 

Furnizimet publike të publikuara nga Agjencioni për mallra rezervë janë të kapshme në Sistemin elektronik për furnizime publike. Si dhe në faqen e Agjencionit për mallra rezervë…

 

Më shumë
Rregullorja ligjore
news
 

Agjencioni është organ I pamvarur I administrates shtetërore, me cilësi të personit juridik. Agjencioni për punën e saj përgjigjet përpara Qeverisë së Republikës së Maqedonisë…

 

Më shumë
Plani Strategjik
news
 

Plani strategjik i Agjencionit për mallra rezervë është dokument në të cilin janë të paraqitura qëllimet dhe detyrat e Agjencionit për mallra rezervë për periudhën prej tre vjet.

 

Shkarko dokumentin

 

 

Tenderët dhe furnizimet publike

Print this pageSmaller textBigger text size
Numri i Furnizimit:

Dokumente për pjesmarje në tenderin për transport të mallrave për nevojat e Agjencionit për mallrat rezervë

Nga: 10.02.2015
Tek: 26.02.2015
Lloji i Kontratës: Mallrat
Lloji i Procedurës: Kërkësë të ofertave

 

Република Македонија

АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ

 

 

 

 

 

 

ПОЕДНОСТАВЕНА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

[во хартиена форма со е-аукција]

 

 

ЗА НАБАВКА НА УСЛУГА – ТРАНСПОРТ НА СТОКИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ ____________________________________

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, Февруари 2015

 

 

 

 

 

Инструкции за понудувачите

 

1. Договорен орган

Договорен орган е Агенција за стоковни резерви, со адреса на ул.Орце Николов бр.71, 1000 Скопје, телефон за контакт 02 3116 249, факс 02 3298 273 електронска адреса info@asr.gov.mk, контакт лице Тони Кантурски.

 

2. Предмет на договорот за јавна набавка

2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга – транспорт на стоки за потребите на Агенцијата за стоковни резерви и тоа:

Дел 1) транспорт на житарици (рефус)

Дел 2) транспорт на готварска сол (во вреќи)

Дел 3) транспорт на сурово сончогледово масло

Дел 4) транспорт на нафтени деривати

Дел 5) транспорт на мазут

Дел 6) транспорт на лекови

Дел 7) транспорт на разна стока, и

Дел 8) локал (транспорт на стоки на кратко растојание до 10 км.-се однесува за камиони со приколка -шлепери)

 

 

Предметот на договорот за јавна набавка е делив. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.

2.2. Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (https://e-nabavki.gov.mk). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.

 

3. Начин на извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата во најкраток можен рок со сите средства кои ги има на располагање, а кои одговараат на барањата за транспорт на соодветната стока согласно налогот добиен од договорниот орган.

 

4. Разлики во цена (корекција на цени)

4.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка се дозволени доколку се случи промена на малопродажните цени на дизел горивото Еуродизел БС (како основа се зема важечката цена на Еуродизел БС на денот на отворањето на понудите) за повеќе од +/-13%. Доколку се случи промена на малопродажните цени на дизел горивото Еуродизел БС за повеќе од +/-13%, во тој случај цените од договорот ќе се корегират за процентот на промена над 13%. Вкупната корекција на цената не може да биде повеќе од 10%, за целиот период на важност на договорот.

(Пример: Цената на Еуродизел БС во моментот на поднесување на понудата изнесува 69,50 ден./лит. Понудената цена со понудата без ДДВ изнесува 100 индексни поени. Доколку се случи промена на цената на Еуродизел БС за 10% односно од 69,50 ден/лит. порасне на 76,45 ден/лит., во тој случај нема корекција на цената на договорот. Во случај цената да се зголеми на пример за 15% и наместо 69,50 ден/лит. стане 79,925 ден/лит., во тој случај ќе се изврши корекција на цената за 2% (15-13%) и наместо индекс 100 ќе се зголеми на 102. При повторна промена на цената на пример за 18% и наместо 69,50 ден/лит. стане 82,01 ден./лит, во тој случај ќе се изврши корекција на цената за 5% (18-13%) и цената на договорот наместо 100 ќе изнесува 105. Максималното покачување или намалување на цената на договорот може да изнесува максимум 10%, односно во примерот максимална цена би била 110 а минимална цена 90. Истата ситуација се случува и при намалување на малопродажната цена на горивото.)

4.2 Корекција на цените се врши на барање на која било од договорните страни на договорот за јавна набавка. Договорната страна смее да бара корекција на цени најрано 14 дена по последната корекција на цени извршена на барање на таа договорна страна, со поднесување на писмено барање.

4.3 Како релевантен доказ за промената на цената на предметот на договорот за јавна набавка ќе се користи Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата, донесена од Регулаторната комисија за енергетика и објавена во „Службен весник на Република Македонија“.

 

5. Рок за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да ја започне услугата која е предмет на договорот во рок од 48 часа од моментот на добивање на писмен налог од страна на Агенцијата за стоковни резерви, освен во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот, кога испораката треба да започне во најраток можен рок не подоцна од 24 часа од добивање на писмен налог од страна на Агенцијата за стоковни резерви.

6. Начин на плаќање

Се предвидува следниов начин на плаќање: - во рок од 30 дена по доставена комплетна (поткрепена со испратници и приемници) фактура за извршениот превоз. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

 

7. Право на учество

7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.

7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.

7.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.

7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.

НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:

  • учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
  • учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.

7.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.

7.8. Доколку економската и финансиската состојба, односно техничката или професионалната способност е поддржана од друг субјект, понудувачот е должен поддршката да ја докаже со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните финансиски средства, односно соодветните технички или професионални ресурси (член 151 и член 154 од законот)

7.9. Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

7.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

 

8. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

8.1. Лична состојба

  • во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

8.2. Способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

8.3. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

Ако економски оператори поднесат групна понуда, економската и финансиската состојба, како и техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови во групата.

 

9. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:

9.1. За докажување на личната состојба:

  • изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
  • потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
  • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
  • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Документите од точка 9.1. не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.

Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.

Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите/отворањето на понудите, но не подоцна од денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.

9.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност

За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.

 

10. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација

10.1 Појаснување на тендерската документација

10.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 3 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.

 10.1.2. Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

10.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.

 

10.2 Изменување и дополнување на тендерската документација

10.2.1. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 3 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале. 

10.2.2. Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.   

10.2.3. Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

 

11. Изготвување и поднесување на понудите

11.1. Начин на изготвување на понудата

Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“ и 1 копиja коja ja означува со ознака „копија“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

11.2. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба

Со понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.

11.3. Изјава за сериозност на понудата

Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

 

11.4. Изјава за независна понуда

Во прилог на понудата, понудувачот доставува потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.

 

11.5. Елементи на понудата

Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:

  • Образец на понуда (Прилог 1),
  • Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),
  • Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),
  • Изјава за независна понуда (Прилог 4)
  • Документ за регистрирана дејност,
  • Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот (доколку за транспорт на некоја од стоките е потребно одобрние од надлежен орган).

11.6. Јазик на понудата

Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.

11.7.  Период на важност на понудата

Периодот на важност на понудата ќе изнесува 60 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од  тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

11.8.  Затворање на понудата

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
  • го содржи бројот на огласот „05-121/2015“,
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нивната содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.

 

11.9. Принцип на една понуда

Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.

 

 

12. Краен рок и место за поднесување на понудите

12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 26.02.2015 година во 14:00 часот. Понудите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната евалуација.

 

12.2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса:

 

АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ

Ул.Орце Николов бр.71, 1000 Скопје

 

 

 

13. Критериум за доделување на договорот

13.1. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е - најниска цена.

За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

 

 

14. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка

 

14.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.

14.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (https://e-nabavki.gov.mk).

14.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН[1] , по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.

14.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.

Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани со активиран кориснички профил во ЕСЈН.

Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано и има активен кориснички профил во ЕСЈН.

Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.

 

15. Доделување на договорот за јавна набавка

15.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.

15.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.

15.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата на понудувачот кој прв ја поднел понудата.

15.4. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена. 15.5. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).

 

16. Известување за доделување на договорот за јавна набавка

16.1. По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

16.2. Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор, како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

 

17. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

 

18. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

18.1. Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

18.2. Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.


 

Технички спецификации

 

Предметот на договорот за јавна набавка на услуга, превоз на стоки за потребите на Агенцијата за стоковни резерви се состои од следните делови:

 

Дел 1) транспорт на житарици (рефус)

                1.а. транспорт на растојание до 50 км*. во еден правец

1.б. транспорт на растојание од 50 до 100 км*. во еден правец

1.в. транспорт на растојание над 100 км*. во еден правец

Дел 2) транспорт на готварска сол (во вреќи)

2.а. транспорт на растојание до 50 км*. во еден правец

2.б. транспорт на растојание од 50 до 100 км*. во еден правец

2.в. транспорт на растојание над 100 км*. во еден правец

Дел 3) транспорт на сурово сончогледово масло

3.а. транспорт на растојание до 50 км*. во еден правец

3.б. транспорт на растојание од 50 до 100 км*. во еден правец

3.в. транспорт на растојание над 100 км*. во еден правец

Дел 4) транспорт на нафтени деривати

Дел 5) транспорт на мазут

Дел 6) транспорт на лекови2

                6.а. со возила со носивост над 20 тони

                6.б. со возила со носивост од 10 до 20 тони

6.в. со возила со носивост од 5 до 10 тони

6.б. со возила со носивост до 5 тони

Дел 7) транспорт на разна стока[2]

7.а. со возила со носивост над 20 тони

                7.б. со возила со носивост од 10 до 20 тони

7.в. со возила со носивост од 5 до 10 тони

7.б. со возила со носивост до 5 тони

Дел 8) локал (транспорт на стоки на кратко растојание до 10 км.-се однесува за камиони со приколка -шлепери)

 

* Се смета број на поминати километри на растојание „од - до“ според налогот издаден од Агенцијата за стоковни резерви, врз основа на табелата за најкратки растојанија помеѓу градовите и граничните премини во Република македонија која е дадена во прилог на тендерската документација (табелата е преземаена од сајтот на Министерството за транспорт и врски). Доколку се работи за превоз до место кое не е наведено во табелата, во тој случај се смета бројот на поминати километри до најблиското место од табелата и на тоа се додава бројот на поминати километри до одредиштето.  

 

 

Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел.

 

За деловите кај кои е предвидено плаќање по возило, понудувачот нема право да врши поделба на количината со цел да се изврши превоз со поголем број на возила. Само доколку стоката не може да се превезува со камиони со приколка-шлепери, или пак транспортот со камиони со приколка-шлепери е нерационално, во тој случај се зема возило со помала носивост и така натаму.  

 

Агенцијата за стоковни резерви како договорен орган сукцесивно према потребите ќе набавува услуги од Носителот на набавката. Набавката на услугите ќе се врши во зависност од потребите на набавувачот - договорниот орган, кој нема обврска да ги искористи во целост количините и видот на услугите наведени во техничките спецификации од Тендерската документација.

 

Агенцијата за стоковни резерви го задржува правото да изврши или не изврши транспорт на стоки, во зависност од сопствените потреби и расположивите средства за таа намена.

 

 

 

 

 


 

Прилог 1 – Образец на понуда

 

[меморандум на понудувачот]

 

Врз основа на огласот број 05-121/2015 објавен од страна на Агенцијата за стоковни резерви, за доделување на договор за јавна набавка на  услуга – транспорт на стоки за потребите на Агенцијата за стоковни резерви со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (https://e-nabavki.gov.mk), и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:

 

П О Н У Д А

 

Дел I – Информации за понудувачот

 

I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________

I.2. Контакт информации

  • Адреса: ______________________________________________________________
  • Телефон: ____________________________________________________________
  • Факс: ________________________________________________________________
  • Е-пошта: _____________________________________________________________
  • Лице за контакт: _____________________________________________________

I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________

I.4. Даночен број: ____________________________________________________________

I.5. Матичен број:_____________________________________________________________

 

 

Дел II – Техничка понуда

 

II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве услуги:

 

 

Дел

Вкупна цена без ДДВ (предмет на е-аукција)

ДДВ

1) Транспорт на житарици (рефус) – ден./тон (1.а+1.б+1.в)

 

 

    1.а) транспорт на растојание до 50 км*. во еден правец

 

 

    1.б) транспорт на растојание од 50-100 км. во еден правец

 

 

    1.в) транспорт на растојание над 100 км. во еден правец

 

 

2) Транспорт на готварска сол (во вреќи) – ден./тон (2.а+2.б+2.в)

 

 

    2.а) транспорт на растојание до 50 км. во еден правец

 

 

    2.б) транспорт на растојание од 50-100 км. во еден правец

 

 

    2.в) транспорт на растојание над 100 км. во еден правец

 

 

3) Транспорт на сурово сончогледово масло ден./тон (3.а+3.б+3.в)

 

 

    3.а) транспорт на растојание до 50 км. во еден правец

 

 

    3.б) транспорт на растојание од 50-100 км. во еден правец

 

 

    3.в) транспорт на растојание над 100 км. во еден правец

 

 

4) Транспорт на нафтени деривати – ден./литар

 

 

5) Транспорт на мазут – ден./кг.

 

 

6) Транспорт на лекови – ден./1 возило (6.а+6.б+6.в+6.г)

 

 

   6.а) со возила со носивост над 20 тони

 

 

   6.б) со возила со носивост 10-20 тони

 

 

   6.в) со возила со носивост 5-10 тони

 

 

   6.г) со возила со носивост под 5 тони

 

 

7) Транспорт на разна стока – ден./1 возило

 

 

   а) со возила со носивост над 20 тони

 

 

   б) со возила со носивост 10-20 тони

 

 

   в) со возила со носивост 5-10 тони

 

 

   г) со возила со носивост под 5 тони

 

 

8) локал (превоз на стоки на кратко растојание до 10 км. - се однесува за камиони со приколка -шлепери) ден./1 возило

 

 

* Се смета број на поминати километри на растојание „од - до“ според налогот издаден од Агенцијата за стоковни резерви, врз основа на табелата за најкратки растојанија помеѓу градовите и граничните премини во Република македонија која е дадена во прилог на тендерската документација (табелата е преземаена од сајтот на Министерството за транспорт и врски). Доколку се работи за превоз до место кое не е наведено во табелата, во тој случај се смета бројот на поминати километри до најблиското место од табелата и на тоа се додава бројот на поминати километри до одредиштето.  

 

II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.

 

 

 

Дел III – Финансиска понуда

 

III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:

 

 

Дел

Вкупна цена без ДДВ

ДДВ

1

 

 

2

 

 

3

 

 

4

 

 

5

 

 

6

 

 

7

 

 

8

 

 

 

III.2. Нашата понуда ваши за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.

 

III. 3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.

 

 

Место и датум

 

___________________________

Одговорно лице*

 

___________________________

(потпис)

 

 

*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице


 

Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба

 

 

 

 

 

 

 

И З Ј А В А

 

 

Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на ______________________________ [се внесува предметот на договорот за јавна набавка] објавен од страна на ____________________________________ [се наведува називот на договорниот орган]  со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.

 

 

 

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

Одговорно  лице*

 

___________________________

(потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

*Оваа изјава може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице


 

Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата

 

 

 

И З Ј А В А

 

Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот________________________ ______________________________________, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.

 

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

Одговорно лице*

 

___________________________

(потпис)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице

 

 

 

 

 

 

 

Прилог 4 – Изјава за  независна понуда

 

 

 

И З Ј А В А

 

 

Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот ______________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во/ понудата за дел 1, 2 3... од _ [да се наведе видот на постапката и договорот за јавна набавка и бројот на огласот/поканата] ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.

Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на  понудата за постапката бр./ понудата за дел 1, 2 3... од постапката бр. не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.

 

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.

 

 

Место и датум                                                                                                  Одговорно лице[3]

 

________________                                                                _____________________

 

 

 

[Изјавата се доставува одделно за секоја постапка и може во истата да се наведе на пр. Постапка за доделување на договор за јавна набавка на хартија за печатење по оглас бр. 01/2013]

 



[1] Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН

[2] Понудувачот нема право да врши поделба на количината со цел да се изврши транспорт со поголем број на возила, при што возилатаа мораат да одговараат на прописите за соодветен транспорт 

[3] Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице

 

Buletini elektronik
Shkruani e-mail adresën dhe qëndroni në rrjedhë me lajmet e reja
© Agjencioni për mallrat rezervë. Të gjitha të drejtat janë të ruajtura.