Агенцијата за стоковни резерви е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице.
Агенцијата ги врши управните, стручните и други работи во врска со стоковните резерви.
Со работата на Агенцијата раководи директор кој го именува Владата на Република Северна Македонија.
Агенцијата за својата работа одговара пред Владата на Република Северна Македонија.
Стоковните резерви се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот.
Формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви се врши врз основа на среднорочна и годишна програма.
Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на Владата на Република Северна Македонија, ја донесува среднорочната програма, за период од 5 години.
Владата врз основа на среднорочната програма донесува годишна програма на предлог на Агенцијата за стоковни резерви.